ОРБАН ОСВОИ ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА

    ОРБАН ОСВОИ ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА54-годишниот евроскептик Виктор Орбан го доби третиот премиерски мандат едноподругор. - Од прогласувањето на победата (Фото: Блик.ху)

    Виктор Орбан оствари огромна победа на парламентарните избори во Унгарија, освојувајќи 133 места од вкупно 199 по преброени 93 отсто од гласовите, соопшти националната изборна комисија. Убедливата двотретинска победа ѝ овозможува на партијата Фидеш на Орбан и коалиционите партнери да прават и уставни промени.

    54-годишниот премиер Орбан, кој го доби третиот мандат едноподруго, е евроскептик и имаше антиимигрантска платформа во изборната кампања. Тој прогласи победа пред своите симпатизери во седиштето на партијата покрај Дунав во Будимпешта нешто пред полноќ.

    „Кога ќе добиете ваков резултат, морате да се сетите на една мудра мисла: Бидете скромни бидејќи сега имате причина да бидете“, кажа Орбан.

    Десничарската партија Јобик заврши на второто место со 26 места во парламентот, по што претседателот на партијата Габор Вона си поднесе оставка. Левичарската Социјалистичка партија освои само 20 места и помина многу слабо надвор од Будимпешта.

    Излезоста беше околу 69 отсто, што е рекорд за земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира