Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори за четврт мандат на функцијата.
Првичните резултати, по преброени 36,3 отсто од гласовите, велат дека неговата партија Фидес им водство од 58 отсто на националните листи, споредено со 30,4 отсто за опозиската коалиција. Фидес исто така има водство во 88 изборни единици, наспроти 18 за опозицијата, по преброени 50,5 отсто од гласовите.
Војната во Украина му го зголеми рејтингот на Орбан, кој ја осуди руската инвазија и не стави вето на санкциите на ЕУ, но рече дека не се согласува со нив. Тој исто така забрани транспорт на оружје за Украина преку унгарска територија.