ОРБАН САКА ДА СОЗДАДЕ АНТИУКРАИНСКИ БЛОК ВО ЕУ СО ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

    ОРБАН САКА ДА СОЗДАДЕ АНТИУКРАИНСКИ БЛОК ВО ЕУ СО ЧЕШКА И СЛОВАЧКАВаков сојуз би можел значително да ги попречи напорите на ЕУ да ја поддржи Украина финансиски и воено (Фото: АП)

    Унгарија сака да ги здружи силите со Словачка и Чешка во алијанса против Украина во рамките на Европска Унија, изјави висок политички советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој се надева дека ќе направи тим со Андреј Бабиш, чија десничарска партија победи на последните парламентарни избори во Чешка и со словачкиот премиер Роберт Фицо за да ги усогласат своите позиции пред средбите на лидерите на ЕУ.

    Иако цврст политички сојуз е сè уште далеку, ова би можело значително да ги попречи напорите на ЕУ да ја поддржи Украина финансиски и воено.

    Мислам дека ова ќе се случи и ќе биде сè повидливо. Функционираше многу добро за време на мигрантската криза. Така можевме да се спротивставиме“, рече политичкиот советник на унгарскиот премиер Балаж Орбан, алудирајќи на таканаречената група Вишеград 4 составена од Унгарија, Чешка, Словачка и Полска.

    Новиот сојуз би имал три члена, зашто актуелниот полски премиер Доналд Туск е поддржувач на Украина.

    Фицо и Бабиш се согласуваат со унгарскиот лидер околу Украина, повикувајќи на дијалог со Москва, наместо на економски притисок. Бабиш беше критикуван за неговиот јавен скептицизам во врска со натамошна европска помош за Киев, а сегашниот чешки министер за надворешни работи предупреди дека Бабиш ќе дејствува како марионета на Орбан во Европскиот совет.

    Балаж Орбан рече дека напорите на Унгарија за политички сојузи во Брисел одат подалеку од Европскиот совет. Тој најави дека партијата Фидес на унгарскиот премиер, која е дел од крајнодесничарската група „Патриоти за Европа“, би можела да ги прошири своите партнерства во Европскиот парламент, а како потенцијални сојузници ги наведе десничарските групи „Европски конзервативци и реформисти“ и „Европа на суверени нации“ и некои левичарски групи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира