ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Е ЦРВЕНА ЛИНИЈА, САД НИКОГАШ НЕМА ДА ГО КОНТРОЛИРААТ, ВЕЛИ ИРАН

    ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Е ЦРВЕНА ЛИНИЈА, САД НИКОГАШ НЕМА ДА ГО КОНТРОЛИРААТ, ВЕЛИ ИРАНБилборд во Техеран го прикажува Трамп како лежи во ковчег, со фразата „Го убиваме Трамп“ (Фото: АП)

    Иран изјави дека Ормускиот Теснец е неповредлива црвена линија, предупредувајќи дека доколку Доналд Трамп ја оствари својата закана за бомбардирање на иранската инфраструктура, ќе ја нападне целата инфраструктура низ Персискиот Залив.

    САД петти ден по ред го напаѓаат Иран откако пропадна кревкото примирје и повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, со која Вашингтон врши притисок за повторно отворање на Ормускиот Теснец. По синоќешните напади, главниот ирански преговарач Мохамед Багер Калибаф соопшти дека „Иран е во суштинска и егзистенцијална војна со Америка“.

    „Ормускиот Теснец е црвената линија за Иран, врз кој има цврста контрола. Американците мислеа дека со напаѓање на некои наши бази би можеле да ја преземат контролата врз него. Сепак, Исламската Република Иран има можност да го контролира Ормускиот Теснец од секоја точка на својата територија и ова прашање никогаш не зависи од бреговите и островите“, кажа портпаролотот на иранската армија Мохамед Акраминија.

    Трамп оваа недела се закани со уништување на иранските електрани и мостови доколку Иран не се врати на разговорите.

    „Единствениот начин за повторно отворање на Ормускиот Теснец е САД да се придржуваат до меморандумот за разбирање потпишан во јуни и да ги спроведат иранските прописи за бродскиот сообраќај“, порача Акраминија.

    Иран кажа дека денеска ги нападнал американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин како одговор на последните американски напади, кои траеле шест часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира