Ѕвезда на реалните шоуа, милијардер, магнат во бизнисот со недвижности и контроверзен политички аутсајдер – идејата дека Доналд Трамп ќе стане претседател, кога тој за првпат ја објави својата кандидатура во јуни 2015 година, се сметаше за бесмислена и надвор од границите на веројатнoста. А таа стана уште поапсурдна по видеото со неговите сексуално агресивни коментари. Тогаш и Клинтон имаше стабилно водство во анкетите .
И покрај сето ова, за да стане претседател на САД тој им се спротивстави на медиумите, дури и на својата партија. Но, не беше само тој единствениот убеден во својата победа – имаше и други што го предвидоа овој ден.
Во јули, Мајкл Мур изјави дека верува дека Трамп ќе го порази неговиот ривал Хилари Клинтон и ќе стане следниот претседател на Америка. Оскаровецот, режисер на документарци и левичарски политички коментатор напиша блог пост со наслов: „Пет причини зошто Трамп ќе победи“, зачудувајќи некои од своите обожаватели.
Иако Мур може и да рекол дека никогаш повеќе досега немал поголема желба да му биде укажано дека греши, исто така, рече дека стои зад неговото предвидување.
„Жал ми е да бидам носител на лоши вести, но јас бев многу директен со вас минатото лето кога ми беше кажано дека Доналд Трамп ќе биде кандидат на републиканците за претседател”, пишува тој.
„Сега имам дури и поразочарувачка вест за вас: Доналд Трамп ќе победи во ноември. Овој неук и опасен кловн со скратено работно време и социопат со полно работно време ќе биде нашиот следен претседател. Претседателот Трамп. Ајде изговорете ги овие два збора, затоа што ќе ги изговарате следните четири години.
А ако мислите дека Хилари Клинтон ќе го порази Трамп со факти и логика, очигледно сте ги пропуштиле изминатите години со 56 прелиминарни внатрепартиски избори каде 16-мина републикански кандидати докажаа дека каков било кујнски сад да му се фрли на Трамп не може да ја запре неговaта уништувачка сила“.
Тој препорача дека акцентот на Трамп врз државите од средниот запад, гласот за протест на „гневните бели мажи“ и „проблемот Хилари“, ефектот „Џеси Вентура“ и разочараните гласачи на Берни Сандерс ќе го однесат до победа.
Мур оттогаш, исто така, рече дека изборот на Трамп ќе биде „Најголемото е*** во историјата на човештвото, опишувајќи го како ‘човечкиот Молотов коктел’ кој неговите гласачи отсекогаш го очекувале“.