УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАДОТ ВО СТОКХОЛМ Ѝ БИЛ ПОЗНАТ НА ПОЛИЦИЈАТА

    УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАДОТ ВО СТОКХОЛМ Ѝ БИЛ ПОЗНАТ НА ПОЛИЦИЈАТАШведскиот премиер Стефан Левен денеска го посети местото на терористичкиот напад во кој загинаа четири луѓе, а повредени беа уште 15 други. (Фото: АП)

    Човекот уапсен под сомнение за тероризам по нападот со камион во Стокхолм е од Узбекистан и им бил познат на разузнавачките служби, соопштија шведските власти. Сомнежите околу уапсениот човек се засилија за време на испрашувањето, кажа Дан Елијасон, шефот на шведската полиција. Полицијата истражува техничка направа најдена во камионот, додаде тој.

    „Можеме да потврдиме дека најдовме направа во камионот којашто не припаѓа таму. Сега ја испитуваме содржината. Дали е класична бомба или некаков вид запалива насправа сега е предмет на нашата анализа“, рече Елијасон.

    Обвинителот Ханс Ирман кажа дека уапсениот е 39-годишник од Узбекистан.

    Во вчерашниот напад со камион во центарот на шведската престолнина загинаа четири лица и повредени беа уште 15 други. Осум од повредените се уште се во болница. Четири од повредените, сите возрасни, имаат сериозни повреди, а едно дете е со помали повреди.

    Претходно, шведската државна телевизија СВТ објави дека торба со недетонирани експлозиви била пронајдена во камионот, кој бил украден неколку минути пред нападот додека вршел испорака во ресторан. Напаѓачот претрпел изгореници од експлозивот, кој не детонирал исправно, јави СВТ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира