ОСУМГОДИШНО МОМЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ 52 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА НАД 11.400 ЛУЃЕ

    ОСУМГОДИШНО МОМЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ 52 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА НАД 11.400 ЛУЃЕЈигит Чакмак беше изнесен во добра состојба од уништената зграда, додека надвор го чекаше мајка му (Фото: ЕПА)

    Осумгодишно момче е извлечено од урнатините на зграда во турскиот град Хатај, 52 часа откако катастрофален земјотрес ги погоди југоисточна Турција и Сирија. Јигит Чакмак беше изнесен во добра состојба од уништената зграда, додека надвор го чекаше мајка му.

    Непознат број луѓе останува заробен под урнатините на широко подрачје од стотици километри и спасувачите се во трка со времето да стигнат до нив. Бројот на жртвите драматично расте од час во час и досега е потврдено дека загинале 11.224 луѓе во двете земји.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во провинцијата Караманкараш, близу епицентарот на земјотресот и ги повика граѓаните да ги игнорираат провокаторите, откако голем број луѓе се пожалиле на бавниот одговор на властите на катастрофата.

    „Првиот ден се соочивме со некои проблеми, но веќе од вториот ден ситуацијата беше под контрола. Ги мобилизиравме сите ресурси, државата си ја врши својата работа. Владата планира во рок од една година да изгради домови за сите кои останале без нив во погодените десет провинции“, кажа Ердоган.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира