ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО ПРЕД НАТПРЕВАР ОД АФРИКАНСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

    ОСУММИНА ЗАГИНАТИ ВО СТАМПЕДО ПРЕД НАТПРЕВАР ОД АФРИКАНСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВОМечот на стадионот во Јаунде се одиграл и покрај трагедијата (Фото: Гети)

    Најмалку осум луѓе загинаа, а педесетина се повредени во стампедо пред почетокот на синоќешниот натпревар помеѓу Камерун и Коморски Острови на Африканското фудбалско првенство. Мечот се одиграл и покрај трагедијата, за што на стадионот се дознало дури откако веста се проширила на социјалните мрежи. Меѓу загинатите е и едно дете.

    Стадионот во Јаунде во Камерун може да прими 60.000 гледачи, но поради ковид рестрикциите смееше да биде исполнет до 80% од капацитетот. Официјални лица од натпреварот изјавија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да влезат во стадионот.

    „Во еден момент луѓето почнаа да врескаат и по една минута дојде амбулантно возило. Полицијата не им дозволи на новинарите да пристапат до местото каде што се случи стампедото. Подоцна ми кажаа дека осуммина навивачи загинале“, изјави новинарката Леокадија Бонгбен.

    Африканската фудбалска конфедерација соопшти дека почнала истрага за инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира