Речиси 640 летови во Германија денес се откажани, откако вработените во обезбедувањето започнаа штрајк на три аеродроми, со што беа погодени над 100.000 патници. Бројката на блокирани летови е повеќе од половина од 1.050-те закажани летови од Диселдорф, Келн-Бон и Штутгарт.
Аеродромот во Диселдроф, кој е трет по големина во земјата, соопшти дека 370 од 580 полетувања мора да бидат откажани. На Келн-Бон, од 200 летови, 131 беше откажан.
Синдикатот Верди, кој ги заштитува правата на 23.000 вработени во обезбедувањето низ Германија, бара покачување на платите од 17 на 20 евра на час, односно, покачување од 18 отсто. Асоцијацијата на вработени БДЛС им нуди покачувања помеѓу два и осум проценти.
Двата аеродрома во Берлин, уште во понеделникот се соочија со најава за штрајк, кога беа откажани 50 летови. Следната средба за преговори помеѓу Синдикатот и Асоцијацијата е закажана на 23 јануари.