ОТСЕГА ЌЕ ИМА СРЕЌЕН ЖИВОТ ВО МИР ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА, КАЖАА ТАЛИБАНЦИТЕ, ПРОГЛАСУВАЈЌИ ПОБЕДА ПО БОРБИТЕ ВО ДОЛИНАТА ПАНЏШИР

    ОТСЕГА ЌЕ ИМА СРЕЌЕН ЖИВОТ ВО МИР ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА, КАЖАА ТАЛИБАНЦИТЕ, ПРОГЛАСУВАЈЌИ ПОБЕДА ПО БОРБИТЕ ВО ДОЛИНАТА ПАНЏШИРТалибанците викендов водеа жестоки борби со Националниот фронт на отпорот на Авганистан (Фото: Ал Џазира)

    Талибанците денеска објавија победа над опозициските сили во долината Панџшир, со што го комплетираа преземањето на целиот Авганистан, откако минатиот месец по брзата офанзива влегоа во Кабул. Панџшир, традиционалното упориште против талибанците, беше единствената провинција која не беше под нивна контрола, како што беше случај и кога последен пат беа власт од 1996 до 2001 година.

    Снимките на социјалните мрежи прикажуваат талибански борци како стојат пред портите на седиштето на провинцискиот гувернер на Панџшир. Талибанците викендов водеа жестоки борби со Националниот фронт на отпорот на Авганистан (НРФ), предводен од локалниот племенски лидер Ахмад Масуд, чиј татко беше легендарен борец против советската инвазија во 1980-ите и потоа против талибанците во 1990-ите.

    „Провинцијата Панџшир целосно падна во Исламски Емират на Авганистан. Со оваа победа и со последните напори, нашата земја излезе од вртлогот на војната и нашиот народ отсега ќе има среќен живот во мир и слобода во целата земја“, изјави портпаролот на талибанците, Забибула Муџахид.

    Талибанците го уверуваат народот од Панџшир, кој се разликува од доминантните Паштуни во остатокот од Авганистан, дека нема да има одмазда и дискриминација кон него.

    „Тие се наши браќа и ќе работиме заедно за доброто на земјата“, рече Муџахид.

    НРФ утрово призна дека претрпел значителни загуби во борбите со талибанците и повика на примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира