ОВА Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОРБАН, ИЗЈАВИ ПЕТЕР МАЃАР, ЧИЈА ПАРТИЈА ТИСА ЗАВРШИ ВТОРА НА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈА

    ОВА Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОРБАН, ИЗЈАВИ ПЕТЕР МАЃАР, ЧИЈА ПАРТИЈА ТИСА ЗАВРШИ ВТОРА НА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УНГАРИЈАПетер Маѓар влезе во унгарската политика во почетокот на оваа година (Фото: АП)

    Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан е на прагот на најлошиот изборен резултат во последните речиси две децении откако нов политички играч ги победи сите опозициски партии на изборите за Европскиот парламент во Унгарија.

    Првичните резултати покажуваат дека Фидес и неговите мали сојузници освоија 44,2% гласови и ќе имаат 11 пратеници во Европскиот парламент, наспроти досегашните 13. На второто место заврши партијата на десниот центар Тиса, предводена од Петер Маѓар, со седум мандати и 30% гласови, над двојно повеќе од сите опозициски партии заедно, надминувајќи ги сите предизборни очекувања.

    Овие резултати се Ватерло на фабриката на моќта на Орбан, почеток на крајот“, изјави Маѓар.

    Четириесет и тригодишниот Маѓар влезе во унгарската политика во почетокот на оваа година, ветувајќи дека ќе ја искорени корупцијата и дека ќе ги обнови демократските алатки за контрола на власта, што значително пропаднаа под Орбан. Тиса го искористи разочарувањето на народот од опозициските партии, кои не успеаја сериозно да го предизвикаат Орбан досега, а следната шанса се парламентарните избори во 2026.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира