ОВА Е САМО ПОЧЕТОК, КАЖА СОВЕТНИК НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА КРИМСКИОТ МОСТ

    ОВА Е САМО ПОЧЕТОК, КАЖА СОВЕТНИК НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА КРИМСКИОТ МОСТРуските власти соопштија дека според првичните информации, во експлозијата на Кримскиот мост загинале три лица. (Фото: Твитер)

    Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подолјак, објави порака на социјалните мрежи по експлозијата на Кримскиот мост, нарекувајќи ја „почеток“, но не тврди директно дека Украина е одговорна за експлозијата.

    „Сè што е илегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да ѝ биде вратено на Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде избркано“, вели Подолјак.

    Руските власти соопштија дека според првичните информации, во експлозијата на Кримскиот мост загинале три лица. Загинатите се патници во автомобил кој се наоѓал веднаш до камион што експлодирал на патничкиот дел од мостот. Руските медиуми јавуваат дека истражителите го утврдиле идентитетот на возачот на камионот што експлодирал и станува збор за жител на рускиот град Краснодар, а во моментов се врши претрага на неговиот дом.

    Утринава во 6 часот наутро се случи експлозија на Кримскиот мост, кој ги поврзува Крим со Русија и при која во водата падна дел од мостот, а беше предизвикан и голем пожар на воз со вагони со гориво на железничкиот дел од мостот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира