ОВА НЕ Е НАША ВОЈНА – СОЈУЗНИЦИТЕ НА САД ГО ОТФРЛААТ БАРАЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПОМОШ ВО ДЕБЛОКАДАТА НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    ОВА НЕ Е НАША ВОЈНА – СОЈУЗНИЦИТЕ НА САД ГО ОТФРЛААТ БАРАЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПОМОШ ВО ДЕБЛОКАДАТА НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦИран вели дека теснецот останува отворена за пријателите на Иран (Фото: АП)

    Неколку сојузници на САД денеска кажаа дека засега немаат планови да испратат воени бродови за да се одблокира Ормускиот Теснец, одбивајќи го барањето на Доналд Трамп. Тој побара поддршка од други држави за да се одржува овој важен премин отворен откако Иран пракично го запре сообраќајот на танкери кои вообичаено превезуваат една петина од светските испораки на нафта и гас.

    Германија, Шпанија и Италија отфрлија можност за учество во каква било мисија во Заливот, додека Велика Британија и Данска кажаа дека ќе разгледаат опции како би можеле да помогнат, но нагласија дека не сакаат да бидат вовлечени во војната.

    Како Доналд Трамп очекува неколку европски брода да го направат она што и моќната американска морнарица не го може? Ова не е наша војна, ние не ја почнавме“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, отфрлајќи ги предупредувањата од Трамп дека ова би можело да има последици за иднината на НАТО.

    И портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус изјави дека Германија нема намера да се вклучи во војната.

    Ниту САД, ниту Израел не нѐ консултираа пред да ја почнат војната. Вашингтон експлицитно изјави на почетокот на војната дека европската помош не е ниту неопходна, ниту посакувана“, кажа тој.

    Шпанија изјави дека нема да направи ништо што би можело да го ескалира конфликтот, додека италијанскиот вицепремиер Матео Салвини рече дека испраќањето воени бродови во воена зона би се протолкувало како приклучување кон конфликтот.
    „Италија не е во војна со никого“, изјави Салвини.

    Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека разговараат со Обединетите нации за реплицирање на договорот што беше искористен за да се овозможи извоз на жито од Украина за време на војната со Русија. ЕУ, исто така, дискутира дали би можела да го промени мандатот на својата поморска мисија „Аспидес“, која моментално ги штити бродовите во Црвеното Море од нападите на бунтовничката група хути. На ова се спротивстави Грција, која ја предводи мисијата „Аспидес“.

    Јапонија и Австралија јасно порачаа дека немаат намера да испратат воени бродови на Блиски Исток, а Трамп не доби потврден одговор и од Кина.

    Иран вели дека оваа клучна маршрута за извоз на нафта и гас од Блиски Исток останува отворена за пријателите на Иран.

    Од наша перспектива, теснецот е отворен. Затворен е само за нашите непријатели и за оние кои ја поддржуваат оваа неправедна агресија врз нашата земја“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира