ПАДНА ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊА ОКОЛУ МИГРАЦИЈАТА

    ПАДНА ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊА ОКОЛУ МИГРАЦИЈАТА56-годишниот Руте е најдолговечниот премиерот на Холандија и е на позицијата од 2010 година. (Фото: Фејсбук)

    Холандската влада се распадна поради несогласувања помеѓу коалициските партнери околу политиките за азил, кажа премиерот Марк Руте. Четирите партии вчера не успеаја да дојдат до договор на разговорите предводени од Руте.

    Владата одработи една и пол година од четиригодишниот мандат и веќе некое време коалициските партнери имаа спротивставени ставови околу миграцијата. Холандските медиуми известуваат дека ќе има предвремени избори во ноември.

    Конзервативната партија ВВД на Руте се обидуваше да го ограничи бројот баратели на азил, откако минатата година имаше кавги околу преполните мигрантски центри. Но, неговите партнери од владата се спротивставија на неговите планови,

    Апликациите за азил во Холандија се зголемија за една третина на 47.000 минатата година и владата соопшти дека очекува 70.000 оваа година. Неделава, Руте се обиде да спроведе план да го ограничи бројот на роднини на бегалци од војна на кои ќе им биде дозволено да останат во Холандија на 200 неделно.

    Но, партиите Христијанска унија и Д66 силно се спротивставија.

    56-годишниот Руте е најдолговечниот премиерот на Холандија и е на позицијата од 2010 година. Актуелната влада е негова четврта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира