ПАДНА НА СУД И ВТОРАТА ЗАБРАНА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ДРЖАВЈАНИ ОД ШЕСТ ЗЕМЈИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Вашингтон,(разниизвори)

    ПАДНА НА СУД И ВТОРАТА ЗАБРАНА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ДРЖАВЈАНИ ОД ШЕСТ ЗЕМЈИ

    Федералниот суд во државата Хаваи ја блокираше забраната на американскиот претседател за влез во САД за државјани на шест земји и за бегалци само неколку часа пред таа да стапи на сила на полноќ помеѓу среда и четврток.

    Федералниот судија ја замрзна наредбата поради сомневања дека таа дискриминира по основ на националност.

    Хаваи е една од неколкуте американските држави што се обидуваат да ја сопрат извршната наредба на Трамп со која во наредните 90 дена им се забранува влез на државјаните на шест претежно муслимански земји и се стопира приемот на бегалци во наредните 120 дена.

    Трамп по втор пат се обидува да ја ефектуира извршната наредба со образложение дека таа ќе ги сопре терористите да не влегуваат во САД, но критичарите велат дека мерката е дискриминаторска.

    Првата верзија на извршната наредба која беше донесена кон крајот на јануари предизвика конфузија и протести. Таа тогаш беше блокирана од федералниот суд во Сиетл, во државата Вашингтон.

    Белата куќа нема коментар на повторената блокада на извршната наредба на американскиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира