Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, Месонџер и Тредс паднаа на глобално ниво, вклучувајќи ја и Македонија, при што корисниците не можат да влезат во своите профили. Проблемите се појавија околу 16:20 часот.
„Свесни сме дека луѓето имаат проблем со пристапот до нашите услуги. Работиме на тоа сега“, рече портпаролот на Мета Енди Стоун во објавата на социјалната мрежа X.
На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.
На многумина корисници не им работи ни апликацијата Месинџер. Час по падот на Мета, проблеми се јавија и на некои услуги на Гугл, како електорнската пошта.