ПАЛМА ОСТАНА БЕЗ „ДЕ МАЈОРКА“, ТУРИСТИЧКИОТ ГРАД ТРЕТ ПАТ ГО МЕНУВА ИМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Мајорка,(АП)

    ПАЛМА ОСТАНА БЕЗ „ДЕ МАЈОРКА“, ТУРИСТИЧКИОТ ГРАД ТРЕТ ПАТ ГО МЕНУВА ИМЕТО

    Градот Палма де Мајорка на медитеранскиот туристички остров Мајорка повторно ќе се вика само Палма. Регионалниот парламент на Бaлеарскиот остров гласаше за промена на името вчера, велејќи дека на овој начин името ќе биде во согласност со историјата на главниот град на регионот и дека делот „де Мајорка“ е остаток од централистичкото минато на Шпанија.

    Повеќето од жителите градот го нарекуваат Палма и така се појавува на сообраќајните знаци. Меѓутоа, Палма де Мајорка е знакот што им посакува добредојде на туристите на аеродром и се користи од страна на шпанската власт и многу мапи.

    Ова е третата промена на името во последните години и веројатно нема да биде последна.

    Социјалистите го сменија на Палма во 2008, но конзервативната Народна Партија се наврати на Палма де Мајорка во 2012 и ветува дека пак ќе го направи истото доколку дојде на власт.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира