ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ГО УНАЗАДИ СВЕТОТ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ, ВЕЛИ БИЛ ГЕЈТС

    ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ГО УНАЗАДИ СВЕТОТ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ, ВЕЛИ БИЛ ГЕЈТССпоред Гејтс, екстремната сиромаштија во светот се зголемила за седум проценти (Фото: Гети)

    Ширењето на коронавирусот го сопре и уназади развојот на светското здравство за повеќе од 20 години и изложи десетици милиони луѓе на болести и сиромаштија, се вели во годишниот извештај на фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

    Поради ковид-19, екстремната сиромаштија во светот се зголемила за седум проценти, а рутинското вакцинирање е паднато на најниски нивоа од 1990-ите.

    „Ова е големо уназадување“, заклучи Бил Гејтс.

    Според него, во изминатата година светот забележал уназадување според речиси сите индикатори.

    „Откако 20 години едноподруго имаше пад во екстремната сиромаштија, сега гледаме обратен процес. Речиси 40 милиони луѓе повторно живеат во екстремна сиромаштија. Тоа е повеќе од еден милион неделно откако почна пандемијата“, изјави Марк Сјузмен, извршниот шеф на Фондацијата.

    Извештајот ги посочува проекциите на Меѓународниот монетарен фонд дека глобалната економија ќе изгуби најмалку 12.000 милијарди долари до крајот на 2021 година, иако досега се вложени 18.000 милијарди долари во стимулирањето на економиите низ светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира