Пандемијата на коронавирусот вечерва стигна до бројката од еден милион заразени на светско ниво, нешто повеќе од три месеци откако тој првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан.
Од КОВИД-19, болест што ја предизвикува овој вирус, досега починале повеќе од 51.000 луѓе, најмногу во Италија и Шпанија.
Иако коронавирусот почна да се шири од Кина, жариштата на пандемијата сега се на други континенти. САД се земја со најмногу потврдени случаи – над 235.000, а Кина во меѓувреме ја поминаа и Италија, Шпанија и Германија.
Коронавирусот досега е регистриран во 204 држави и територии, а бројката излекувани изнесува над 210.000.