Аларм за надоаѓачка ракета предизвика паника меѓу жителите во американската држава Хаваи во сабота наутро по локално време, пред да биде прогласен за лажен. Корисниците на мобилни телефони добија порака, која што гласеше: „Закана од балистичка ракета упатена кон Хаваи. Веднаш побарајте засолниште. Ова не е вежба“.
Гувернерот Дејвид Ајг им се извини на хавајќаните, велејќи дека некој од персоналот стиснал погрешно копче. Американската влада најави дека ќе има целосна истрага.
Системот за алармирање беше воспоставен поради близината на Хаваи до Северна Кореја. Во декември, Хаваи првпат ги тестираше сирените за предупредување од нуклеарен напад по крајот на Студената војна.