ПАПАТА ПОБАРА ПРОШКА ОД ДОМОРОДНИТЕ ГРУПИ ВО КАНАДА ЗА ЗЛОТО ИЗВРШЕНО ОД КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

    ПАПАТА ПОБАРА ПРОШКА ОД ДОМОРОДНИТЕ ГРУПИ ВО КАНАДА ЗА ЗЛОТО ИЗВРШЕНО ОД КАТОЛИЧКАТА ЦРКВАПапата Фрањо стави домородна перјаница на главата на средбата во Масквачис (Фото: АП)

    Папата Фрањо побара прошка од домородните групи во Канада за повеќедецениските злоставувања во асимилаторските интернати кои беа водени од Католичката црква.

    Длабоко жалам“, кажа папата на местото на некогашниот интернат во Масквачис близу Едмонтон.

    Тој додаде дека извинувањето е само прв чекор и дека мора да се спроведе сериозна истрага за злоставувањата.

    Папата вчера пристигна во историската посета на Канада за да им се извини на домородните групи и своето патување го опиша како аџилак на покајанието. Неговото извинување беше прифатено со аплауз од преживеаните.

    Училиштата финансирани од владата беа дел од политиката за уништување на домородните култури и јазици. Околу 150.000 деца биле земени од нивните семејства и сместени во овие училишта, а Католичката црква управувала со 70% од нив. Низ Канада имало над 130 вакви интернати, од кои последниот беше затворен дури во 1996. Многумина од преживеаните имаат сведочено дека биле злоставувани, болни и неухранети, но она што вистински ја шокираше канадската јавност беше откривањето на повеќе од 1.000 неозначени гробови на местата на некогашни интернати.

    Папата изрази тага, огорченост и срам од постапките на многумина членови на Католичката црква, а училишниот систем го опиша како катастрофална грешка.

    Барам прошка за злото извршено од толку многу христијани врз домородните луѓе“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира