ПАРИЗ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ РЕШИ ДАЛИ ЗА ЏИП ЌЕ СЕ ПЛАЌА ТРИПАТИ ПОСКАПО ПАРКИРАЊЕ

    ПАРИЗ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ РЕШИ ДАЛИ ЗА ЏИП ЌЕ СЕ ПЛАЌА ТРИПАТИ ПОСКАПО ПАРКИРАЊЕТоа ќе ги зголеми цените за паркирање за еден час во центарот на Париз на 18 евра наместо 6 евра во моментов, и 12 евра наместо 4 евра во предградијата. (Фото: ЕПА)

    Парижаните утре ќе гласаат за ова прашање на референдум на кој жителите одлучуваат дали цените на јавните паркиралишта треба да се тројно поголеми за тешките теренски возила (СУВ). Тоа ќе ги зголеми цените за паркирање за еден час во центарот на Париз на 18 евра наместо 6 евра во моментов, и 12 евра наместо 4 евра во предградијата.

    Градоначалникот на Хановер, Белит Онај, исто така бара поскапување на паркирањето за теренските возила поради еколошки причини.

    „Трендот кон сè повеќе и поголеми и потешки автомобили продолжува. Затоа сум за тоа цените за паркирање да бидат во нивоа врз основа на должината на возилата. Референдумот во Париз покажува уште еднаш дека мора да се одржи дебата за оскудниот јавен простор и посоодветните цени за паркирање“, рече Онај, градоначалник на северниот германски град, кој е од Партијата на зелените.

    Сите големи европски градови се соочуваат со овој предизвик, рече тој, додавајќи дека едвај го чека резултатот од референдумот во Париз.

    Слично на гласањето во Париз, еколошката групација Еколошка акција Германија (ДУХ) неодамна ги повика сите германски градови да постават повисоки цени за паркирање за поголеми теренци.

    „Овие чудовишни теренци сè повеќе ги блокираат тротоарите и зелените површини и ги загрозуваат луѓето кои патуваат пеш или со велосипед. Мегаломанијата на теренците мора да се запре“, рече шефот на ДУХ, Јирген Реш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира