ПАРИЗ ВЧЕРА БЕШЕ КАКО БАГДАД ВО ЈУЛИ ОТКАКО БРАН НА ЕКСТРЕМНА ЖЕШТИНА ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА

    ПАРИЗ ВЧЕРА БЕШЕ КАКО БАГДАД ВО ЈУЛИ ОТКАКО БРАН НА ЕКСТРЕМНА ЖЕШТИНА ЈА ПОГОДИ ЕВРОПАВо Париз беше огласена највисоката, црвена тревога (Фото: ЕПА)

    Париз вчера ја доживеа највисоката температура во својата историја од 42,6 Целзиусови степени, додека нови рекорди беа забележани и во други делови од западна Европа.

    Рекордно високи температури беа измерени и во Белгија (41,8 степени), Германија (41,5), Луксембург (40,8) и во Холандија (40,7), што уследи само неколку недели по првиот жежок бран.

    Жешкиот бран опфати регион од Медитеран до Скандинавија. – Копенхаген (Фото: ЕПА)

    „Жештината беше со исклучителен интензитет. 43 степени во сенка е просечната максимална температура во Багдад во јули, но не е својствено за Франција“, изјави климатологот Давид Салас.

    Француските власти ја означија највисоката, црвена тревога за Париз и за уште 19 други области, а сличен шок доживеа и Белгија.

    „Откако почнале мерењата во 1833 година, ова се највисоките температури досега регистрирани во Белгија“, кажаа од Кралскиот метеоролошки институт на Белгија.

    Климатолошкиот институт во Потсдам, Германија, објави дека петте најтопли лета во Европа од 1500 година се регистрирани во 21. век.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира