ПАРТИЈАТА НА МЕРКЕЛ ГО ИЗБРА ЛАШЕТ ЗА НОВ ЛИДЕР

    ПАРТИЈАТА НА МЕРКЕЛ ГО ИЗБРА ЛАШЕТ ЗА НОВ ЛИДЕРЛашет доаѓа на чело на ЦУД на местото на министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбојер. (Фото: ДПА)

    Армин Лашет, премиерот на најмоќната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, го направи првиот чекор на патот да ја наследи Ангела Меркел како нов канцелар на најголемата европска економија. Централно-десната партија ЦДУ го избра 59-годишниот Лашет да ја предводи партијата во пресрет на изборите во септември. Традиционално, лидерот на ЦДУ е партиски кандидат за германски канцелар.

    Лашет успеа да победи на внатрепартиските избори, кои се одржаа на далечина поради пандемјата на коронавирус, а најголем ривал му беше богатиот адвокат Фридрих Мерц. 

    Лашет, кој е син на рудар, се обврза да ги продолжи политиките на Меркел и освои 521 глас од 991 делегат. Лашет доаѓа на чело на ЦДУ на местото на министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбојер, која беше личен избор на Меркел за нејзин наследник.

    ЦДУ ужива голема доверба во јавноста, благодарение на доброто справување со пандемијата на коронавирус, како и на добрата репутација на Меркел за справување со кризни ситуациии.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира