МЕХАНИЧАР УКРАЛ ПРАЗЕН ПАТНИЧКИ АВИОН ВО СИЕТЛ И ГО УРНАЛ, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕ Е ТЕРОРИЗАМ

    МЕХАНИЧАР УКРАЛ ПРАЗЕН ПАТНИЧКИ АВИОН ВО СИЕТЛ И ГО УРНАЛ, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕ Е ТЕРОРИЗАМВластите објавија дека станува збор за авантура што завршила трагично (Фото: Ројтерс)

    Празен патнички авион што беше украден од меѓународниот аеродром во Сиетл се урна, откако по него се пуштиле воени авиони.

    Властите објавија дека при уривањето загинал 29-годишен механичар, не откривајќи го неговиот идентитет, освен дека бил вработен на аеродромот. Тие кажаа дека тој недозволено полетал, предизвикувајќи затворање на аеродромот.

    „Ова не е терористички инцидент. Ова е авантура што заврши трагично. Терористите не прават егзибиции над вода“, изјави Пол Пастор, шерифот на округот Пирс.

    Контролорите на летот се обиделе да го охрабрат мажот да се спушти, пред авионот да се урне на островот Кетрон. Тој притоа бил следен од два воени авиона, кои полетале од Портланд.

    Весникот „Сиетл тајмс“ објави дека мажот звучел „безгрижно и откачено“, додека голем број видео-снимки објавени на социјалните мрежи покажаа неконтролиран лет на авионот.

    „Веруваме дека механичарот немал летачко искуство, што довело до несреќата“, додаде Пастор.

    Авионот е од типот „даш 8-кју4“ со 70 седишта, сопственост на компанијата „Хорајзон“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира