Неколкумина луѓе загинале откако патнички воз излетал од шини во југозападна Германија, објавија германските медиуми. Според „Швебише цајтунг“, кој се повика на итните служби од местото на несреќата, има најмалку тројца загинати и 34 повредени.
Несреќата се случи кај Ридлинген близу Штутгарт. Претходно имаше извештаи за невреме во таа област.
Во регионалниот воз имало околу 100 луѓе кога најмалку два вагона излетале од шини во шумска област. Полицијата засега не можеше да потврди што е причината за несреќата.