Десетици луѓе загинале откако патнички воз излетал од шини и се судрил со друг воз во источната индиска сојузна држава Одиша.
Последните информации кажуваат дека загинале најмалку 50 луѓе, а 400 се повредени. Спасувачките екипи се обидуваат да извлечат десетици луѓе за кои се верува дека се заробени во излетаните вагони.
„Десетина вагони од патнички воз излетаа од шини и делови од нив паднаа на соседна пруга, каде што друг патнички воз удрил во нив“, изјави Амитаб Шарма, портпаролот на министерството за железници.
И покрај владините напори за подобрување на безбедноста, стотици железнички несреќи се случуваат во Индија секоја година.