Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ помага да се стапи во контакт со патниците кои биле на лет за време на кој еден маж почина од срцев удар, но постојат сомнежи дека имал и коронавирус, објави „Њујорк тајмс“.
Авионот, кој летал од Орландо за Лос Анџелес, непланирано слетал во Њу Орлеанс во понеделникот зашто на еден патник му била потребна итна лекарска интервенција. Додека на патникот му била давана прва помош за затајување на срцето, неговата сопруга рекла дека тој претходно покажувал симптоми карактеристични за ковид-19, вклучувајќи губење на чувството за мирис и вкус.
Засега нема потврда дали патникот навистина бил заразен.
„Ги молиме патниците да не патуваат доколку им е дијагностициран ковид-19 или имаат симптоми својствени за оваа болест. Ако се сомневаат, најдобра опција е да се тестираат“, соопштија од „Јунајтед ерлајнс“.