ПЕНТАГОН БРЗА ДА ИСПОРАЧА „ПАТРИОТ“ РАКЕТИ ВО УКРАИНА, КАКО ДЕЛ ОД ПАКЕТОТ ВОЕНА ПОМОШ ВРЕДЕН 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ПЕНТАГОН БРЗА ДА ИСПОРАЧА „ПАТРИОТ“ РАКЕТИ ВО УКРАИНА, КАКО ДЕЛ ОД ПАКЕТОТ ВОЕНА ПОМОШ ВРЕДЕН 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИУкраина ќе добие ракети, но нема да бидат испорачани нови системи „Патриот“ за лансирање на ракетите. (Фото: Рајтеон)

    Пентагон вели дека брзо ќе испорача „Патриот“ противвоздушни ракети и артилериска муниција во Украина, како дел од новиот пакет воена помош. Сепак, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин кажа дека нема да бидат испорачани нови системи „Патриот“ за лансирање на ракетите.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно кажа дека итно се потребни „Патриоти“ за да може земјата да се справи со руските воздушни напади.

    Остин, на прес-конференција во петокот, кажа дека САД го подготвува најголемиот пакет воена помош за Украина досега и ќе направи сè помошта веднаш да тргне.

    САД ќе искористи 6 милијарди долари за оваа намена, кажа тој. Шесте милијарди се дел од пакетот за помош на Украина вреден 60 милијарди долари, одобрен од Конгресот и Сенатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира