ПЕРУАНЦИТЕ ГО СЛАВАТ НОВИОТ ПАПА КАКО СВОЈ, РОБЕРТ ПРЕВОСТ БИЛ НА СЛУЖБА ВО ОВАА ДРЖАВА НАД 20 ГОДИНИ

    ПЕРУАНЦИТЕ ГО СЛАВАТ НОВИОТ ПАПА КАКО СВОЈ, РОБЕРТ ПРЕВОСТ БИЛ НА СЛУЖБА ВО ОВАА ДРЖАВА НАД 20 ГОДИНИПревост добил и перуанско државјанство во 2015 (Фото: АП)

    Изборот на американскиот кардинал Роберт Превост за нов папа се слави и во Јужна Америка, каде што многумина го сметаат за вториот папа од континентот, по неговиот аргентински претходник Фрањо. Веста предизвика особено воодушевување во Перу, каде што Превост живеел и работел повеќе од 20 години и добил државјанство во 2015.

    Во своето прво појавување на балконот во Ватикан, новиот папа Лав Четиринаесетти кратко збореше и на шпански, поздравувајќи ги верниците од „неговата омилена бискупија во Чиклајо во Перу“, каде што служел како бискуп десет години.

    Перуанската претседателка Дина Болуарте го поздрави историскиот избор на Лав Четиринаесетти, кого го опиша како Перуанец по избор и убедување кој ѝ посветил на земјата повеќе од 20 години од својата служба.

    Превост избра да биде еден од нас, да живее меѓу нас и да ги носи верата, културата и сништата на оваа земја во своето срце. Папата е Перуанец, бог го сака Перу“, изјави Болуарте.

    Превост првпат дошол во Перу во 1985, а од 1988 бил шеф на Августинска семинарија во Трухињо, третиот по големина град во земјата. На оваа функција останал десет години, пред да се врати во САД во 1998. Во Перу повторно дошол во 2014, кога папата Фрањо го назначил за апостолски управител на бискупијата во Чиклајо, а следната година станал и бискуп на градот со над 800.000 жители. Во 2023 бил промовиран во надбискуп, а лани во кардинал.

    Не сум верник и не ми се допаѓаат многу работи поврзани со црква, но мислам дека ова е добра работа за Перу. Ова е како да сме освоиле светско првенство“, изјави Сесилија Дуранд, издавач од Лима.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира