ПЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ ЗА КАРДИНАЛОТ БЕЧИУ, ПОРАНЕШЕН СОВЕТНИК НА ПАПАТА

    ПЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ ЗА КАРДИНАЛОТ БЕЧИУ, ПОРАНЕШЕН СОВЕТНИК НА ПАПАТАИталијанскиот кардинал Анџело Бечиу (75) е највисокиот функционер на Ватикан осуден за финансиски криминал. (Фото: Гети)

    Судот во Ватикан го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу, поранешен советник на папата Фрањо, на пет и пол години затвор за финансиски криминал. Бечиу (75) е највисокиот функционер на Ватикан кој некогаш се соочил со такви обвиненија, а порано се сметаше и за претендент за папа.

    Тој ги отфрли обвиненијата, меѓу кои се и проневера и злоупотреба на службената положба. Адвокатот на кардиналот Бечиу рече дека неговиот клиент е невин и дека ќе поднесе жалба.

    Судењето се фокусираше на договорот за имот во Лондон кој заврши со огромни загуби за Католичката црква.  На Бечиу му се судеше со уште девет обвинети за проневера, злоупотреба на службената положба и манипулација на сведоци. Сите беа осудени по некои точки, а прогласени за невини за други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира