ПЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕ ВО ГЕЈ КЛУБ ВО КОЛОРАДО

    ПЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕ ВО ГЕЈ КЛУБ ВО КОЛОРАДОПолицијата не даде коментар за можниот мотив за нападот во клубот Кју во Колорадо. (Фото: Твитер)

    Пет луѓе загинаа во пукање во геј ноќен клуб во Колорадо, САД, соопшти локалната полиција. Уште 18 други се повредени во клубот Кју.

    „Лоцирана е една индивидуа за која веруваме дека е осомничениот. Во моментов, осомничениот е приведен“, велат од полицијата.

    Во соопштение на социјалните мрежи, од клубот Кју кажаа дека им се заблагодаруваат на посетителите кои со брза реакција успеале да го совладаат вооружениот напаѓач и да стават крај на нападот.

    Полицијата не даде коментар за можниот мотив за нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира