ПЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ ИСЧЕЗНАТИТЕ ВО БРОДСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУДИМПЕШТА, НЕМА НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ ИМА УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИ

    ПЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ ИСЧЕЗНАТИТЕ ВО БРОДСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУДИМПЕШТА, НЕМА НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ ИМА УШТЕ ПРЕЖИВЕАНИБродот се превртел и потонал откако бил удрен од голем речен крузер пред зградата на парламентот (Фото: Гети)

    Пет членови на едно јужнокорејско семејство се меѓу исчезнатите патници во бродската несреќа, што синоќа се случи на Дунав во самиот центар на Будимпешта.

    Досега се пронајдени осум тела, седум туристи и еден член на екипажот, и локалните власти велат дека има мали шанси дека ќе има уште преживеани. Во моментот на несреќата на бродот имало 38 луѓе, од кои 33 туристи од Јужна Кореја и 21 лице сè уште се водат како исчезнати.

    Меѓу нив е и семејството на 38-годишна козметичарка, која на ова патување ги повела своите родители, сестра и ќерка.

    Спасувачките екипи по неколкучасовна потрага ги лоцираа остатоците од малиот туристички брод на дното на Дунав. Тој се превртел и потонал синоќа околу 22 часот, откако бил удрен од речен крузер долг 135 метри. Несреќата се случи пред зградата на парламентот, едно од обележјата на Будимпешта.

    „Бродот потонал десетина секунди по ударот. Веруваме дека несреќата е резултат на човечка грешка“, изјави портпаролот на полицијата Адријан Пал.

    Спасувачката операција ја отежнуваат покаченото ниво на Дунав и силните струи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира