ТРОЈЦА МРТВИ ВО ПУКАЊЕ ВО ХРИСТИЈАНСКО УЧИЛИШТЕ ВО ВИСКОНСИН, НАПАДОТ ГО ИЗВЕЛ МАЛОЛЕТНИК

    ТРОЈЦА МРТВИ ВО ПУКАЊЕ ВО ХРИСТИЈАНСКО УЧИЛИШТЕ ВО ВИСКОНСИН, НАПАДОТ ГО ИЗВЕЛ МАЛОЛЕТНИКПолицијата верува дека напаѓачот бил ученик во училиштето (Фото: АП)

    Најмалку тројца луѓе се убиени во пукање во приватно христијанско училиште во американската сојузна држава Висконсин. Меѓу жртвите е и малолетникот кој го извел нападот, изјави полицијата.

    Шефот на полицијата на Медисон, Шон Барнс, кажа дека има и шестмина ранети, од кои некои се во критична состојба.

    Полицајците кои реагираа на пукањето не го употребија своето оружје. Тие пристигнаа на местото на настанот за само три минути“, додаде Барнс.

    Полицијата верува дека напаѓачот бил ученик во училиштето. Неговото тело е пронајдено внатре во училиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира