ПЕТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО НЕНАДЕЈНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ НА НАЈВИСОКИОТ ВРВ ВО ЕВРОПА, ЕЛБРУС

    ПЕТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ВО НЕНАДЕЈНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ НА НАЈВИСОКИОТ ВРВ ВО ЕВРОПА, ЕЛБРУС14 планинари биле спасени во услови на силен ветер и мала видливост (Фото: АФП)

    Петмина планинари загинаа откако биле фатени во ненадејно снежно невреме на највисокиот врв во Европа, Елбрус. Останатите 14 планинари од групата биле спасени во услови на силен ветер, мала видливост и температури од -20 Целзиусови степени.

    Компанијата која го организирала искачувањето изјави дека со руските планинари биле и четворица професионални водичи. Една жена починала откако ѝ се слошило при искачувањето, но групата решила да продолжи.

    Тие испратиле сигнал за помош вчера попладне, откако на симнувањето биле погодени од ужасно невреме на надморска височина од 5.000 метри, по што решиле да се поделат во три групи.

    „На симнувањето, двајца планинари се смрзнале до смрт, но одлуката да се поделат била исправна. Да не направеле така, сигурно ќе имаше повеќе жртви. Уште двајца планинари починаа откако биле симнати долу“, изјави еден од водичите.

    Елбрус, кој е висок 5.642 метри, се наоѓа во близина на границата со Грузија и е озлогласен по наглите промени на временските услови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира