Петмина луѓе се ранети во напад со нож во центарот на Амстердам, објави полицијата. Мотивот на нападот е непознат, а напаѓачот е уапсен на самото место.
Холандската полиција ја загради областа, вклучувајќи го централниот плоштад Дам и испратен е хеликоптер на итни служби. Засега нема детали за состојбата на повредените.
Очевидци кажаа дека слушнале вресок, по што настанала паника. Видео објавено на социјалните мрежи покажува како хеликоптер слетува пред Кралската палата на плоштадот Дам.