ПЕТМИНА УБИЕНИ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА, НАПАЃАЧОТ Е ДАНЕЦ, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТ

    ПЕТМИНА УБИЕНИ СО ЛАК И СТРЕЛА ВО НОРВЕШКА, НАПАЃАЧОТ Е ДАНЕЦ, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТПолицијата го уапсила убиецот 34 минути по почетокот на нападот (Фото: АП)

    Пет лица се убиени, а две се повредени синоќа во Норвешка, во нападот во кој биле користени лак и стрела. Инцидентот се случи во Конгсберг, град со 28.000 жители, 70 километри северозападно од Осло.

    Полицијата го уапси напаѓачот и го идентификуваше како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг.

    „Тој соработува и даде детаљни изјави во врска со нападот“, изјави неговиот адвокат Фредрик Нојман, не откривајќи информации за својот клиент.

    Полицијата верува дека тој сам го извршил нападот, кој почнал во еден супермаркет и истражува дали биле користени и други оружја.

    „Природно е да се истражи дали нападот има елементи на терористички чин“, соопшти полицијата.

    Шефот на локалната полиција Ејвинд Ос кажа дека напаѓачот успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен 34 минути по почетокот на нападот.

    „Ова е ужасен напад. Рано е да се шпекулира за мотивите“, изјави Ерна Солберг, на која токму вчера ѝ завршуваше премиерскиот мандат.

    Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира