ПИЛОТ КОЈ НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ СРЕДЕ ЛЕТ НА АВИОН НА АЉАСКА ЕРЛАЈНС

    ПИЛОТ КОЈ НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ СРЕДЕ ЛЕТ НА АВИОН НА АЉАСКА ЕРЛАЈНСАвионот полетал од Меѓународниот аеродром Пејн Филд во Сиетл и бил пренасочен на Меѓународниот аеродром Портланд поради сериозна безбедносна закана, соопшти денеска авиокомпанијата. - Авион на Аљаска Ерлајнс (Фото: Аљаска Ерлајнс)

    Пилот кој не бил должност и летал како патник во кокпитот на лет на Аљаска Ерлајнс во неделата се обидел да ја преземе контролата врз авионот кој летал од Сиетл до Сан Франциско, принудувајќи го авионот да слета во Портланд, според авиокомпанијата.

    Пилотот задолжен за летот им кажал контролорите на летање дека лице кое било во кокпитот на летот 2059 се обидело да ги исклучи моторите среде лет. Пилоти понекогаш седат на помошно столче во пилотската кабина кога се превезуваат до друг аеродром.

    44-годишниот Џозеф Емерсон бил уапсен од полицијата во Портланд и обвинет за обид за убиство на 83 луѓе, како и за загрозување на авион. Емерсон е пилотот кој не бил на должност и се обидел да ја преземе контролата врз авионот. Не е познато за која авиокомпанија работел Емерсон.

    Авионот полетал од Меѓународниот аеродром Пејн Филд во Сиетл и бил пренасочен на Меѓународниот аеродром Портланд поради сериозна безбедносна закана, соопшти денеска авиокомпанијата.

    „Имавме човек кој се обиде да ги исклучи моторите во кокпитот и сега не изгледа дека прави проблеми“, им кажал пилотот на контролорите на летање во Сиетл.

    „Мислам дека е совладан. Освен тоа, сакаме полиција веднаш штом сме на тлото и паркирани“, додал пилотот.

    Екипажот на Аљаска Ерлајнс пријавил сериозна безбедносна закана поврзана со овластен патник на помошното столче во пилотската кабина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира