ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН ВО КОЛУМБИЈА ОЧАЈНО БАРАЛ ДА СЛЕТА ОТИ МУ СНЕМАЛО ГОРИВО

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Богота,(АП)

    ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН ВО КОЛУМБИЈА ОЧАЈНО БАРАЛ ДА СЛЕТА ОТИ МУ СНЕМАЛО ГОРИВО

    Пилотот на авионот во кој загинаа фудбалерите на бразилскиот тим пред да се урне очајно барал дозвола за слетување на аеродромот во Меделин затоа што му снемало гориво, се слуша на снимки од контролата на летање регистрирани неколку минути пред несреќата.

    Загинаа 71, а шестмина ја преживеаја несреќата.

    Снимката регистрирала хаотичен разговор помеѓу пилотот и контролната кула при што капетанот неколку пати бара дозвола за слетување поради „проблеми со горивото“. Контролорката на летање му објаснувала дека друг авион имал приоритет за слетување поради технички проблеми и му давала инструкции на пилотот на авионот со фудбалерите и новинарите што ги следеле да чека седум минути.

    Додека авионот кружел чекајќи дозвола за слетување, пилотот станал уште поочаен. „Целесен прекин на електроникатам останавме без гориво“, се слуша неговиот глас во напнатите последните четири минути, по што авионот се удрил во планина во понеделникот вечерта.

    Снимките што во средата ги објавија колумбиските медиуми ги поткрепуваат сведоштвата на преживен член на екипажот и на пилот од друг авион што бил во близина и ја слушал очајната конверзација со контролната кула. Овие снимки, заедно со фактот дека немало експлозија при ударот сугерираат дека авионот останал без гориво, што е исклучително ретка причина за воздухопловна несреќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира