ПИСАТЕЛИ И ПРИЈАТЕЛИ ГО ЧЕСТВУВАА САЛМАН РУЖДИ НА СОБИР ПРЕД ЊУЈОРШКАТА БИБЛИОТЕКА

    ПИСАТЕЛИ И ПРИЈАТЕЛИ ГО ЧЕСТВУВАА САЛМАН РУЖДИ НА СОБИР ПРЕД ЊУЈОРШКАТА БИБЛИОТЕКА Стотици приусутни имаше на собирот „Застанете со Салман“, една недела откако тој беше нападнат и избоден пред да говори на сцена. (Фото: АП)

    Пријателите и колегите писатели зборуваа во име на Салман Ружди за вчерашниот собир на скалите на седиштетот на Јавната библиотека во Њујорк, една недела откако тој беше нападнат на сцената во западниот дел на државата и хоспитализиран со убодни рани. Состојбата на Ружди е подобрена и, според неговиот литературен агент, тој веќе не е на респоратор.

    Џефри Евгенид, Тина Браун и Киран Десаи беа меѓу оние кои споделија желби за целосно закрепнување, раскажуваа приказни за Ружди како инспирација и бранител на слободното изразување и читаа делови од неговите книги, есеи и говори, вклучително и од „Сатански стихови“, романот од 1988 година, кој беше осуден од некои муслимани како богохулие. Ружди помина многу години криејќи се откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде указ – фатва во 1989 повикувајќи на негова смрт, но слободно патуваше во последните две децении.

    Едночасовниот собир „Застанете со Салман“ беше делумно претставен од библиотеката, од издавачот на Ружди, „Пингвин Рандом хаус“, и од организацијата за литература и човекови права ПЕН Америка. Имаше стотициприсутни, многумина поврзани со ПЕН, каде 75-годишниот Ружди е поранешен претседател.

    „Тој беше постојан, неуморен бранител на зборот и на писателите нападнати поради наводното злосторство на нивната работа“, рече првиот говорник на денот, извршната директорка на ПЕН Сузан Носел. „Денес ќе го славиме Салман за она што го издржа, но уште поважно, поради она што го создаде – приказните, ликовите, метафорите и сликите што му ги даде на светот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира