ПЛАСИДО ДОМИНГО ЈА НАПУШТИ МЕТРОПОЛИТЕН ПО 51 ГОДИНА, ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ

    ПЛАСИДО ДОМИНГО ЈА НАПУШТИ МЕТРОПОЛИТЕН ПО 51 ГОДИНА, ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕДваесет жени излегоа со обвинувања против оперската суперѕвезда Пласидо Доминго (Фото: АФП)

    Операта Метрополитен во Њујорк по 51 година ја раскина соработката со прославениот тенор Пласидо Доминго, откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.

    Седумдесет и осумгодишниот Доминго денеска требаше да ја пее главната улога во „Макбет“ на Џузепе Верди, но објави дека ја завршил соработката со оперската куќа. И неколку други компании претходно откажаа негови концерти од иста причина.

    Дваесет жени го обвинија Доминго за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.

    „Пласидо Доминго се согласи да се повлече од сите идни настапи во Мет, што веднаш стапува на сила. Мет нема да дава други коментари на оваа тема“, се вели во соопштението на Метрополитен.

    Доминго призна дека пробата за „Макбет“ бил негов последен настап во Метрополитен.

    „Во Метрополитен дебитирав на 27 години и пеев во овој величествен театар 51 година по ред. Иако ги отфрлувам неодамнешните обвинувања против мене, верувам дека моето учество во оваа продукција ќе се фокусираше на погрешно место“, изјави Доминго.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира