ДВЕ МУЗИЧКИ КУЌИ ГИ ОТКАЖАА НАСТАПИТЕ НА ПЛАСИДО ДОМИНГО, ОПЕРАТА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПОЧНА ИСТРАГА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ

    ДВЕ МУЗИЧКИ КУЌИ ГИ ОТКАЖАА НАСТАПИТЕ НА ПЛАСИДО ДОМИНГО, ОПЕРАТА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ПОЧНА ИСТРАГА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕДоминго е генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003, а претходно беше уметнички директор, функција која му овозможува моќ при доделувањето на улоги и кастинзи, а токму тоа е едно од обвинувањата, дека на таков начин им ги градел или уништувал кариерите на уметниците (Фото: ЕПА)

    Оркестарот во Филаделфија и Операта во Сан Франциско ги откажаа настапите на Пласидо Доминго, а Операта во Лос Анџелес најави истрага, по објавувањето на приказната на АП дека осум оперски пејачки и една балерина го обвинуваат светски познатиот тенор за сексуално малтретирање. Доминго е генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003, а претходно беше уметнички директор, функција која му овозможува моќ при доделувањето на улоги и кастинзи, а токму тоа е едно од обвинувањата, дека на таков начин им ги градел или уништувал кариерите на уметниците.

    Некои од жените рекоа дека Домиго ја користeл моќта од Операта во Лос Анџелес и од други места да се обиде да ги принуди на сексуални односи, а некои кажаа дека тој ги казнувал професионално ако ги одбиеле неговите понуди за настапи.

    Најпрестижната светска оперска куќа Метрополитен реле дека ќе ги почека резулатите од истрагата на Операта во Лос Анџелес, „пред да донесе какви било одлуки за иднината на Доминго во Мет, каде што треба да настапи следниот месец“.

    Седумдест и осум-годишниот Доминго е еден од најмоќните личности во уметничкиот свет, а триесетина луѓе за АП кажаа дека неговото однесување со години било строго чувана тајна.

    Оперската ѕвезда не одговори на повиците на АП, но во писмениот одговор стои: „Обвинувањата од овие неименувани лица кои потекнуваат од пред триесет години се длабоко вознемирувачки и неточни. Сепак, болно е да слушнам дека можеби сум вознемирил некого или сум направил некој да се чувствува непријатно – независно од тоа пред колку време се случило и покрај моите најдобри намери. Верував дека сите мои односи и интеракции секогаш биле добредојдени. Оние кои ме знаат и кои работеле со мене, знаат дека не сум некој кој намерно ќе повреди, навреди или засрами некого. Како и да е, сфаќам дека правилата и стандардите според кои денес нас нѐ оценуваат се различни од тоа како беа во минатото. Благословен сум и привилегиран дека имам кариера повеќе од 50 години и дека ќе продолжам да се држам до највискоките стандарди“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари