Оперската ѕвезда Пласидо Доминго пoднесе оставка од функцијата на генерален директор на Операта на Лос Анџелес, и се повлече од сите закажани настапи, по обвинувањата од дваесетина жени дека легендарниот тенор со децении сексуално ги вознемирувал. Некои од жените рекоа дека Домиnго ја користел моќта од Операта во Лос Анџелес и од други места да се обиде да ги принуди на сексуални односи, а некои кажаа дека тој ги казнувал професионално ако ги одбиеле неговите понуди за настапи.
Заминувањето на Доминго од Операта во Лос Анџелес ги покрена прашањата за неговата кариера во иднина во САД, каде по објавувањето на приказната од АП, сите негови настапи откажани.
„Операта во Лос Анџелес ми е многу драга и мојата работа таму ја сметам како една од моите најважни наследства“, рече 78-годишниот Доминго, кој во 1980-те помогна да се основа компанијата и да го стекне меѓународното реноме.
„Како и да е, неодамнешните обвинувања против мене создадоа атмосфера во која е компромитирана мојата способност да ѝ служам на компанијата“, стои во изјавата за неговата оставка, додавајќи оти ќе продолжи да работи да го „исчисти“ неговото име. Тој имаше закажано шест настапи во февруари и март во Лос Анџелес.
Оставката следи откако минатата недела операта Метрополитен во Њујорк ја раскина 51-годишната соработка со Доминго. Претходно, Оркестарот на Филаделфија, Операта во Сан Франциско и Операта во Далас, ги откажаа сите настапи на Доминго.