ПЛАТЕНИЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ТВРДАТ ДЕКА ГО ОСВОИЛЕ СОЛЕДАР, ИАКО И НАТАМУ СЕ ВОДАТ БОРБИ

    ПЛАТЕНИЦИТЕ НА „ВАГНЕР“ ТВРДАТ ДЕКА ГО ОСВОИЛЕ СОЛЕДАР, ИАКО И НАТАМУ СЕ ВОДАТ БОРБИСоледар е срамнет со земја по неколкумесечните борби (Фото: Телеграм)

    Руската платеничка група „Вагнер“ тврди дека ја презела контролата врз рударскиот град Соледар во источна Украина, иако борбите продолжуваат. Од „Вагнер“ велат дека и натаму се водат борби во центарот на градот, додека Киев тврди дека украинските сили и натаму се држат.

    „Единиците на ‘Вагнер‘ ја презедоа контролата врз целата територија на Соледар. Во центарот на градот е создаден котел и се водат улични борби“, изјави шефот на групата Евгени Пригожин.

    Во неговата изјава се истакнува дека само борците на „Вагнер“ учествуваат во упадот во Соледар. Пригожин притоа наводно е снимен со своите борци во рудник за сол во Соледар.

    Освојувањето на Соледар, кој пред војната имал 10.000 жители, би бил прв руски воен успех во Украина од август. Руските заповедници го гледаат Соледар како платформа за дополнителен притисок врз украинските сили во соседниот Бахмут, каде што со месеци се водат крвави борби.

    Руската новинска агенција РИА објави дека „Вагнер“ ги зазел рудниците за сол во Соледар по жестоки борби. Влезот во рудниците се наоѓа на периферијата на градот и Вашингтон смета дека тие се од личен интерес за Пригожин.

    „Можноста за освојување на Бахмут и Сиверск сега е зголемена. Ова е пресвртна точка, зашто оттука се отвора патот и кон Краматорск и Словјанск и кон целосното ослободување на Народната Република Доњецк“, изјави нејзиниот лидер Денис Пушилин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира