Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека го разрешил министерот за одбрана Марио Баножиќ откако тој утринава учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина едно лице.
Во сообраќајката кај Винковци смртно настрада 40-годишник, а Баножиќ е тешко повреден.
„Изразивме сочувство на семејството Шариќ преку градоначалникот на Винковци кој ја посети сопругата на господинот Шариќ, а во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ“, кажа Пленковиќ на прес-конференција.
Од обвинителството претходно кажаа дека сообраќајната несреќа ја предизвикал министерот Марио Баножиќ.