ПО 11 НЕДЕЛИ БЛОКАДА, ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ПРВИТЕ СТОТИНА КАМИОНИ СО ПОМОШ ВО ГАЗА

    ПО 11 НЕДЕЛИ БЛОКАДА, ИЗРАЕЛ ГИ ПУШТИ ПРВИТЕ СТОТИНА КАМИОНИ СО ПОМОШ ВО ГАЗАИлјадници тони храна и други залихи чекаат на граничните премини (Фото: АП)

    Израел дозволи речиси 100 камиони со брашно, бебешка храна и медицинска опрема да влезат во Газа, објави војската, додека Обединетите нации кажаа дека поради проблеми во дистрибуцијата помошта сѐ уште не стигнала до луѓето на кои им е потребна.

    Во исто време, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е расположен за привремено примирје за да се вратат заложниците, во спротивно ќе продолжи со воената акција до целосното преземање на Газа.

    По 11-неделната блокада, 98 камиони со помош влегле во енклавата, но дури и тие минимални залихи досега не стигнале до народните кујни, пекарниците, пазарите и болниците, кажаа официјални лица.

    Ништо од таа помош не стигнала до жителите на Газа“, изјави Антаон Ренар, регионалниот директор на Светската програма за храна на ОН.

    Блокадата ги остави жителите на Газа во очајничка борба за преживување, и покрај засилениот меѓународен и домашен притисок врз израелската влада. Илјадници тони храна и други залихи чекаат на граничните премини, но додека не се обезбеди сигурна дистрибуција, околу една четвртина од населението на Газа се соочува со ризик од глад, кажа Ренар. ОН пред неколку дена предупреди дека илјадници бебиња би можеле да умрат ако наскоро ќе стигне помош.

    Израел воведе општа блокада на Газа во март, тврдејќи дека Хамас ги запленува залихите наменети за цивилите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира