ПО 18 ЧАСА ЗАВРШИ ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ, МАЖОТ ШТО УПАДНА НА ПИСТАТА СЕ ПРЕДАДЕ

    ПО 18 ЧАСА ЗАВРШИ ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ, МАЖОТ ШТО УПАДНА НА ПИСТАТА СЕ ПРЕДАДЕАвтомобилот во кој се наоѓаа двајца луѓе беше паркиран под авион на „Туркиш ерлајнс“. (Фото: Шатерсток)

    По 18 часа заврши заложничката драма на аеродромот во Хамбург, во која беше вклучено и четиригодишно дете, објави полицијата. Таа почна синоќа околу 20 часот кога автомобил, во кој се наоѓаа двајца луѓе, упадна на пистата и се паркираше под авион на „Туркиш ерлајнс“.

    Возачот се предаде без да дава отпор. Изгледа дека детето не е повредено“, кажаа од полицијата.

    Властите кажаа дека заложничката ситуација била предизвикана од спор околу старателство, откако сопругата на 35-годишниот маж пријавила во полиција дека тој ја киднапирал нивната четиригодишна ќерка. При излегувањето на пистата тој двапати истрелал во воздух и фрлил запалени шишиња.

    Тој не се согласувал со некои одлуки на службите околу старателството и сакал да отпатува за Турција со детето“, изјави претходно портпаролката на хамбуршката полиција Сандра Лефгрун.

    Заложничката криза доведе до затворање на аеродромот и до откажување на голем број полетувања и слетувања.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира