ПО 20 ГОДИНИ КОНЕЧНО ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА НАВОДНИОТ АРХИТЕКТ НА НАПАДИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИ

    ПО 20 ГОДИНИ КОНЕЧНО ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА НАВОДНИОТ АРХИТЕКТ НА НАПАДИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИКалид Шеик Моамад беше уапсен во Пакистан во 2003 и оттогаш се наоѓа во воената база Гвантанамо (Фото: АП)

    По цели 20 години, конечно ќе му се суди на наводниот архитект на нападите на Ал-Каеда врз САД, Калид Шеик Моамад и на уште четири лица кои се држат во затворот Гвантанамо. Тамошниот воен суд одреди дека судскиот процес ќе почне на 11 јануари 2021 година и тие се обвинети за воени злосторства, вклучувајќи тероризам и убиство на речиси 3.000 луѓе, за што можат да добијат и смртни казни.

    Тоа ќе биде прв судски процес за нападите на Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија на 11 септември 2001 година.

    Моамад беше уапсен во Пакистан во 2003 година и оттогаш се наоѓа во воената база Гвантанамо на Куба, но сите досегашни обиди да му се суди беа одложени. Во 2008 година, тој изјавил дека е подготвен да ги прифати сите обвиненија во врска со нападите и да стане маченик. Тој се доведува во врска и со низа други терористички активности, како бомбашките напади на ноќни клубови во Бали, првиот напад на Светски трговски центар во Њујорк во 1993 и убиството на новинарот Даниел Прл.

    Првите сослушувања се најавени за наредниот месец и адвокатите на групата тврдат дека досегашните признанија се неупотребливи на суд бидејќи се дадени во услови на груби испитувања. Моамад тврдел дека бил изложен на постојано мачење на Куба, што се и потврдува во документите на ЦИА.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари