ПО БРОЈНИ ПРОТЕСТИ ОТКАЖАН КОНЦЕРТ ВО ИТАЛИЈА СО РУСКИ ДИРИГЕНТ БЛИЗОК СО ПУТИН

    ПО БРОЈНИ ПРОТЕСТИ ОТКАЖАН КОНЦЕРТ ВО ИТАЛИЈА СО РУСКИ ДИРИГЕНТ БЛИЗОК СО ПУТИНВалери Гергиев е раководител на руските државни театри „Бољшој“ и „Марински“ (Фото: ТАСС)

    Концерт со рускиот диригент Валери Гергиев во Италија е откажан, објавија организаторите, по протестите против одлуката да се покани музичарот на кого му е забрането да настапува на европските сцени поради тоа што не ја осудил руската инвазија на Украина.

    Гергиев требаше да диригира на летен фестивал во Кралската палата во Казерта во близина на Неапол следната недела. Регионалниот гувернер Винченцо де Лука ја бранеше поканата, велејќи дека „исклучувањето не помага на мирот“.

    Поканата беше широко критикувана од активисти за човекови права, руски опозициски личности и европски парламентарци. Онлајн петицијата против гостувањето на Гергиев собра над 16.000 потписи.

    Гергиев, кој е раководител на руските државни театри Бољшој и „Марински“, се смета за близок до претседателот Владимир Путин.

    Миланска Скала“ беше првиот театар на западот кој ги прекина односите со Гергиев, кој беше ангажиран кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022. Тој тогаш не одговори на апелот на градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, да се изјасни против војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира