ПО ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ДЕКА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НОСИ РИЗИК ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО ДО 2030 ГОДИНА, ШЕФОТ НА АНТРОПИК ПРЕДЛОЖИ ПЛАН ЗА ЗАБАВУВАЊЕ НА НАПРЕДОКОТ, ПОДДРШКА ДОБИ И ОД АЛТМАН И МАСК

    ПО ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ДЕКА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НОСИ РИЗИК ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО ДО 2030 ГОДИНА, ШЕФОТ НА АНТРОПИК ПРЕДЛОЖИ ПЛАН ЗА ЗАБАВУВАЊЕ НА НАПРЕДОКОТ, ПОДДРШКА ДОБИ И ОД АЛТМАН И МАСКАнтропик ќе им овозможи на независни надворешни оценувачи постојан пристап до системите на исто рамниште како вработените. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Главниот извршен директор на компанијата за вештачка интелигенција Антропик, Дарио Амодеи, упати нов апел до целата индустрија да го забави темпото на развој и претстави план во три точки, соопштувајќи дека неговата компанија еднострано ќе ја спроведе првата мерка.

    Во објава на социјалните мрежи, Амодеи сподели врска до својот есеј насловен Мора да се усогласи темпото на напредокот, во кој образложи дека Антропик ќе им овозможи на независни надворешни оценувачи постојан пристап до системите на исто рамниште како вработените. На тој начин, надворешните експерти ќе можат да потврдат дали компанијата се придржува до безбедносните мерки, ќе пријавуваат инциденти и ќе ја проверуваат насоченоста на моделите за време на обуката.

    Ваквиот чекор следува откако поранешниот истражувач во Антропик, Џејкоб Коксон, предупреди дека вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото до 2030 година. Коксон објави дека дал отказ бидејќи Антропик и неговиот претходен работодавец ОпенАИ ги игнорираат или несоодветно управуваат со опасностите што ги носи технологијата. Според него, ниедна од двете компании не постапува одговорно, туку брзаат кон суперинтелигенција со способност за самоподобрување и се коцкаат со човечките животи. Тој додаде дека луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат оти таа може да го уништи човештвото до крајот на деценијата и дека ниту една друга човечка дејност не носи толку високо ниво на опасност.

    Директорот на ОпенАИ, Сем Алтман, преку социјалните мрежи соопшти дека се согласува со ставот на Амодеи за потребата од забавување на темпото. Алтман напиша дека овозможувањето пристап за независни оценувачи е одлична идеја и најави дека и ОпенАИ ќе постапи на истиот начин. Слична поддршка упатија и други претставници од секторот, меѓу кои и Илон Маск, кој кусо напиша дека Дарио е во право. Истражувачот од ОпенАИ, Ејдан Меклафлин, ја оцени објавата како одлична и додаде дека се согласува со речиси секој збор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира